Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 сируп со вкус на тропско овошје

Информации за продуктот:

Намената на сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 е да ја збогати детската исхрана со омега-3 масни киселини и со есенцијални витамини и минерали коишто го поддржуваат интелектуалниот развој на децата.

  • ДХА (докозахексаноична киселина) придонесува за одржување нормална мозочна функција.
  • Цинкот и јодот придонесуваат за нормална когнитивна функција.
  • Јодот, витаминот Б1, витаминот Б2, витаминот Б3, витаминот Б6, витаминот Б12 и биотинот придонесуваат за нормална функција на нервниот систем.
  • Витаминот Б2, витаминот Б3, витаминот Б12, фолната киселина и пантотенската киселина придонесуваат за намалување на заморот и на исцрпеноста.
  • ДХА, витаминот Б2 и цинкот придонесуваат за одржување нормален вид.
Употреба

Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза:

Деца од 1 до 3 години: 1 кафена лажичка (5 ml).

Деца над 4 години: 2 кафени лажички (10 ml).

Да се протресе пред употреба.

По отворањето сирупот Becutan KIDS VITS Мултиомега-3 треба да се чува во фрижидер.

Да се употреби во рок од 60 дена по првото отворање.

560,00 ден