Внимавајте со Цинкот

Прво со интеракциите, не го земајте зедно со Цитерал, Нолицин и Вибрамицин. Цинкот ке го земате два часа пред да ги земате овие антибиотици или четири часа после земањето на антибиотикот. Ако ги земате заедно се намалува ефикасноста на антибиотиците и нама да се постигене саканиот антибактериски ефект.Второ, со дозите. Цинкот што го има регистрирано во Македонија е под форма на глуконат или цинк глуконат. Цинк глуконатот содржи 14.3% елемнтарен цинк. Кога земате 10мг цинк глуконат всушност земате 1,43 мг елементарен цинк. За да внесете 10мг елементарен цинк треба да земете 70мг цинк глуконат или ако треба да внесете 15мг елементарен цинк треба да внесете 105мг цинк глуконат.Кај настинка и грип се внесува до 24мг елементарен цинк или 175мг цинк глуконат.Дневната доза на цинк:- деца над 14 години и мажи земаат 11мг дневно- жени земаат 8мг дневно- трудници земаат 12мг дневно- доилки исто земаат 12мг дневно. Не се зема повеќе од 40мг елементарен цинк дневно. Ако го инхалирате има големи шанси да дојди до трајна загуба на мирисот.