Корона и медиумите

Во мојот град Кавадарци , ништо не се почитува повеќе од виновата лоза и грозјето, што низ векови го инспирира овдешниот човек. Овде човечноста е коренот на македонската душа, на традицијата и љубовта на луѓето. Токму љубовта и почитувањето се нашата инспирација по бранот мерки и совети по првиот налет од корона вирусот да излеземе на терен и на лице место да видиме колку нашите сограѓани ги почитуваат мерките и препораките од владата. Беше тоа неделна прошетка а нашето новинарско перо и фотоапарати ја затекнаа следната состојба на теренот.

ВО САМООДБРАНА ОД КОРОНА НАПАДИ

(вкрстено интервју)

Во интервјуто учествуваат:

 Душко стефанов – новинар

Мр. Димитар Темков – Фармацевт

Др. Савче Велкова – др. семејна медицина

Нашиот прв соговорник Г-дин Димитар Темков го прашавме:

Висок крвен притисок, први напади, статистики, анализи, други ризични групи и заштита од следни корона напади?

           Димитар Темков на нашите прашања одговори :

Врската помеѓу коронавирусот и високиот крвен притисок

Прво да започнеме со статистиките. Во Кина, земја која беше прва на мета на коронавирусот,

25% -50% од луѓето кои биле позитивни на коронавирус имале висок крвен притисок или други здравствени заболувања како што се дијабет, рак или белодробни заболувања. Во Италија, 99% од пациентите кои имале летален исход имале едно од овие заболувања и 76% од нив имале висок крвен притисок.

Постои една теорија дека високиот ризик кај пациентите со висок крвен притисок не доаѓа од високиот крвен притисок, туку доаѓа од лековите што ги земаат да го третираат високиот крвен притисок. Тие лекови се АКЕ инхибитори и ангиотензин II антагонисти.

Теоријата е базирана на фактот дека лековите кои припаѓаат во овие групи на лекови го покачуваат нивото на ензимот АКЕ2. За да се инфицираат клетките, вирусот мора да се закачи за АКЕ2 ензимот.

Додека не излезат повеќе истражувања, Американскиот Колеџ за Кардиологија и Американската кардиолошка асоцијација препорачуваат да се земаат лековите како што ви се препишани.

Што треба да направите?

1. Снабдете се со лекови за третирање на висок крвен притисок и други заболувања.

2. Снабдете се со лекови кои се земаат без рецепт за третирање на треска и други симптоми ако се разболите.

3. Почитувајте ги препораките од Министерството за здравство.

Трансимисија на коронавирус

Kimberly Prather доста истакнат научник, таа раководи со одделот на Универзитетот во Калифорнија Сан Диего и проучува како вирусите и други работи кои излеваат од океанот како се движат во воздухот.

Таа е дел од тимот кои развиваат инструменти за да гледаат многу ситни честици или аерозоли.

Има напишано дека аерозолите можат да се акумулираат и да останат заразни во воздухот во затворена просторија со часови, и дека можат лесно да се инхалираат длабоко во белите дробови.

Prather се двоуми дали да го сподели ова со луѓето. Но на крај се решава да го сподели затоа што ова всушност може да ги заштити луѓето. И според неа два метри растојание не е доволно и дека е неопходно да се носи заштитна маска.

Таа секогаш за пример го дава Тајван како успешно го спречил ширењето на инфекцијата. Тајван имаше неколку стотици случаи и само 7 смртни случаи, иако државата не прогласи вонредна состојба и карантин. Наместо тоа, тие почесто ги тестирале граѓаните, ги ставале во 14 дневен карантин луѓето кои што биле позитивни на вирусот и сите носеле маски.

Совети и Препораки

Неколку групи на истражувачи од различни држави откриле дека најболните пациенти често имаат најниско ниво на витамин D и дека земјите со повисок степен на смртност имаат поголем број на луѓе со недостиг на витамин D, отколку земјите со понизок степен на смртност.

Експертите велат дека нормалните крвни нивоа со витамин D, можат да им дадат предност на луѓето во борбата со Covid 19, со тоа што ќе им помогнат да ја избегнаат cytokine storm( кога телото започнува да ги напаѓа своите клетки и ткива, наместо да се бори со вирусот ).

Затоа, проверете си го нивото на витамин Д во крвта. Земајте витамин Д редовно од 400 до 800IU.

Веќе добро ви е познат витаминот и неговото дозирање. Внимавајте да не се предозирате, токсичност се јавува во дози од 50.000 – 60.000 IU. Кое води до покачување на нивото на калциум во крвта, проследено со повраќање, слабост, често уринирање и неправилно срцебиење.

Што треба да направиме?

1. Носете редовно заштитни маски.

2. Држете растојание најмалку два метри.

3. Земајте додатоци во исхрана за подобрување на имунитетот.

4. Хранете се здраво.

5. Најдете време за физичка активност.

Следен наш соговорник беше Др. Савче Велкова доктор по семејна медицина. На нашето новинарско прашање: Како да препознаеме дали е корона вирус, настинка, грип или алергија. Симптоми, и ваши совети и препораки за во иднина?

Др. Савче Велкова во своето излагање меѓудругото ни одговори:

Како да разликуваме настинка, грип, алергија или корона?

Кашлица, течење од нос, болки во грло и треска, симптомите се слични кога ќе се почувствувате болни. На прв поглед, симптомите на новиот коронавирус се слични на оние кои знаеме за вообичаените настинка и грип. Симптомите на коронавирус вклучуваат:

  • Покачена температура
  • Треска
  • Сува кашлица
  • Недостаток на здив
  • Болки во мускулите
  • Замор

Помалку типични симптоми на коронавирусот:

  • Шлајм
  • Главоболка
  • Искашлување на крв (хемоптиза)
  • Дијареа

Течењето од нос и болките во грло се типични знаци на инфекција на горниот респираторен систем, оттука оние кои киваат или шмркаат најверојатно имаат грип или обична настинка. Оние пациенти пак кои имаат алергија никогаш немаат покачена температура, болка во мускулите, губење во тежина и дијареа. Со оглед на тоа што новиот коронавирус најчесто го напаѓа долниот респираторен тракт, најголемиот дел од инфицираните имаат сува кашлица, недостаток на здив или пневмонија.

Како и досега, за да се заштитиме од коронавирусот мора да одржуваме физичка дистанца, задолжително да носиме заштитна маска и се разбира редовно миење на рацете и дезинфицирање со средства за дезинфекција.

Ве поздравувам

… Под ова сонце  денес,  сите сме исти.

Иако оваа пандемија, овој covid19, оваа корона, овој страв и предупредување нека бидат само една добра лекција за човештвото дека треба да се промениме , да бидеме подобри луѓе , да помагаме и подаваме рака во неволја , да се грижиме повеќе за нашето здравје и со самото тоа да му покажеме почит на другиот.

Подготвени ли сме за втор бран. Научивме ли нешто, знаеме ли да се справиме во иднина и од поголемо зло. Ние сме само луѓе на медиумот , заробени во ова време денес и со една единствена мисија : да ја кажиме вистината јавно со надеж дека истата ќе биде за доброто на народот и информација секогаш со среќен крај, секогаш!!!

Автор: Душко Стефанов