УПОТРЕБАТА НА AKE ИНХИБИТОРИ И АНГИОТЕНЗИН II АНТАГОНИСТИ СО TRIMETHOPRIM + SULFAMETHOXAZOLE

Употребата на AKE инхибитори ( enalapril, lizinopril, perindopril, ramipril ) и ангиотензин II антагонисти ( losartan, valsartan ) со trimethoprim + sulfamethoxazole го зголемува ризикот на појава на хиперкалемија – висока концентрација на калиум во крвта и/или ненадејна смрт и кај некои пациенти кои имале намалена бубрежна функција.

Клинични докази

Во една 14 годишна студија во кои се вклучени пациенти од 66 годишна возраст и земаат АКЕ инхибитори или ангиотензин II антагонисти се упишани 4148 случаеви со хиперкалемија од кои 371 упис се пријавени кај пациенти кои биле на 14 дневна терапија со trimethoprim + sulfamethoxazole.

Во понатамошни студии пациенти кои земале само AKE инхибитори зголемил ризикот на појава на хиперкалемија до 3,3 пати и употребата на високи дози на trimethoprim + sulfamethoxazole поголеми од 5 mg/kg дневно со AKE инхибитори од кои 9% развиле хиперкалемија а само 2% развиле хиперкалемија во стандартни дози нa trimethoprim + sulfamethoxazole помалку од 5 mg/kg дневно.

Kај 40 годишна жена со трансплантиран бел дроб која земале еналаприл, развила хиперкалемија ( калиум 6,8 mmol/L ) кога и е дадено 120 mg/kg дневно затоа што очекувале да се развие пнеумоцистична пневмонија – сериозна габична инфекција (Pneumocystis jiroveci) која предизвикува воспаление на белите дробови. Веднаш се стопирани еналаприлиот и ко-тримоксазолот и и е даено содиум хлорид 0,9%, манитол и фуросемид. После 12 часа концентрацијата на калиумот е 4,6 mmol/L и закрепнува во период од една недела, но развива сепса и и откажуваат доста органи.

STOCKLEY’S DRUG INTERACTIONS 12 EDITION 03.2019 изадена